Децата на Ѓоковиќ станаа предмет на обложување во обложувалниците ширум Европа

 

За 1 вложено евро се добива 1.000 евра дека Стефан и Тара ќе станат гренд слем шампиони-е најновата хазардерска игра во обложувалниците во Европа

Дел од обложувалниците ширум Европа веќе почнаа да примаат уплати дека новородената ќерка на Новак Ѓоковиќ, Тара еден ден ќе стане гренд слем шампион, односно, ќе биде поуспешна од него.

Коефициент на таквиот облог е 1.001, што значи дека на секое вложено евро се добива 1.000. Истиот коефициент и дека синот на Новак, Стефан еден ден ќе ги освои најсилните тениски турнири.

Инаку, букмејкерите имаат разработен систем според кој се одредуваат коефициентите за обложување. Коефициентите за деца помали од шест години дека еден ден ќе бидат шампиони во истиот спорт во кој се натпреварува еден од родителите е околу 1.000.Бидејќи Стефан полни три години за нешто повеќе од еден месец, а Тара само што се роди, двајцата се вклопуваат во оваа шема.

Истиот коефициент е и дека четирите близнаци на Роџер Федерер еден ден ќе играат во двојки и дека еден од нив ќе го освои Вимблдон.