Деца од Домот за деца без родители добија прва награда за филм во Италија

Домот за деца без родители 11 Октомври е добитник на првата награда за најдобар филм во Бари, Италија на регионалниот фестивал за филм и детски цртажи Bene- Male.

Победничкиот краток филм децата од домот 11 Октомври го снимија заедно со своите воспитувачки на зададена тема од организаторите “Здрава љубов- болна љубов” кој го носи името “Два света”, а ја разработува темата за животот на едно девојче во домот за деца без родители и животот на друго девојче во сопствен дом со своето семејство. Покрај учеството во филмскиот дел на фестивалот беа претставени и цртежи од децата, а претставниците од Домот учествуваа и во трибина на тема семејно насилство.

“Премногу сме горди и среќни за успехот на филмот на нашите дечиња од домот. Фестивалот традиционално се одржува секоја година во Италија и е посветен на децата,  нивниот развој, детството. На фестивалот се претставивме со филмот “Два света”, кој ни донесе голем успех и признание. Сакам да изразам голема благодарност на ИТД Дистрибуција кои ни овозможија да учествуваме на фестивалот, со покривање во целост на патните трошоци. За краток период ова е втора значајна донација на компанијата за домот”, изјави Ристенка Атанасова, директор на Домот за деца без родители 11 Октомври.