Деца од 3 години во Србија ќе учат што е секс, а повозрасните што се ГЕЈ односи

Во Србија вистинска бура предизвика објавувањето на прирачник кој медиумите го нарекоа контроверзен,затоа што тој ќе биде дел од образовниот систем , па децата уште од три годишна возраст ќе учат што е секс. Но, се чини поголема вознемиреност предизвика содржината од прирачникот во која се објаснува што се тоа хомосексуални или геј односи, а е наменета за средношколците.

Подеднакво се гласни оние што заговараат дека е сосема прикладно да постои еден ваков прирачник и оние што велат дека 3 години се многу мала возраст за да разберат децата за што всушност се работи, пишува српски Блиц.

 

ilustracija iz priručnika

Всушност, станува збор за цел образовен пакет според кој на децата од градинка преку 153 страници илустриран учебник воспитувачките ќе треба на децата до 5 годишна возраст да им ги доловат сите тајни на сексуалниот однос, но и опасностите од сексуално насилство, како што се непријатното допирање по интимните делови. Еве како е тоа илустрирано:
 
Дури три пати повеќе материјал е издаден за средношколците во кој детално се опишува се за сексот, за неговите добри и лоши страни, како и за сите опасности. На пример средношколците ќе бидат запознаени со тоа што е француски бакнеж, па се до тоа што значи орален секс. Исто така , на младите ќе им бидат претставени и сите опции како да се однесуваат во случај да се сретнат со лице од ист пол кое негува љубовни чувства кон нив.
Авторка на овие проекти е д-р Љиљана Боговац од Инцест траума центарот, а Министерството за образование на Србија  на образовните институции веќе им го подели образовниот пакет за сексуално образование со упатства како да се применуваат учебниците.