ДИК го објави записникот од затворената седница на која Дедо Мраз им делел дупли плати

На официјалната веб страница на Државната изборна комисија , дури сега е објавен записникот од седница одржана далеку од очите на јавноста и зад затворени врати, на која се донесени одлуки за дополнителни плати не само на членовите, туку и на вработените, раководителите, надворешните соработници и други.

Според одлуката донесена на затворена седница на 16 ноември, четири дополнителни нето исплатени плати добиле претседателот на ДИК Александар Чичаковски, заменик претседателот Реџеп Прекопуца, како и членовите на комисијата Атанас Урумов, Виолета Дума, Игор Милев, Сабхи Јакупи, Сашо Срцев и Силвана Бонева. Членовите на ДИК Бедредин Ибраими и Асани Салија добиле дополнителни две нето исплатени плати во последниот месец. Вработените во ДИК и лани си поделиле слични бонуси. Три плати земале за закажаните, а неодржани избори во април 2016-та, пет бонуси за предвремените парламентарни избори и четири плати бонус за локалните избори.

Во Правилникот стои дека претседателот, заменикот и членовите на ДИК имаат право на бонус од пет дополнителни плати исплатени во претходниот месец, генералниот секретар, раководителите на стручните служби и административните службеници имаат право на три плати. За останатите ангажирани лица, според Правилникот, може да се исплати една нето плата. Според ова што може да се види, излегува дека членовите на ДИК за 18 месеци ,,заработиле“ односно самите си доделиле 30 плати!

На следниот линк е ПДФ документот за сите дополнителни поделени плати исплатени за последниот месец.