ДИК затрупана од записници, се проверуваат внимателно

Државната комисија се уште заседава и ги проверува записниците од сите Избирачки одбори кои беа доставени до нив во текот на денот. Отаму највуваат дека конечните резултати и освоените пратенички мандати ќе ги објават во текот на вечерта.

Во просториите на комисијата се уште има претставници на комисиите кои чекаат да го предадат доверливиот материјал. Во ДИК веќе почнале да пристигнуваат и приговори за нерелугарности, а од ДИК потсетуваат дека рокот за поднесување на приговори е 48 часа по објавувањето на првичните резултати и тој тече.

Во Државната изборна комисија се уште не се ажурирани 10 гласачки места од дијаспората, но веќе е извесно дека во овој парламентарен состав нема да има пратеник од таму.

Според досега објавените резултати ВМРО ДПМНЕ е во предност со освоени 452.709 гласови, а СДСМ има 436.469 гласа . Разликата меѓу овие две коалиции е 16.240 гласови, што го прави многу тесен резултатот и никој не се осудува да го каже точниот број освоени мандати до соопштувањето од ДИК.ДУИ освои 86.812 гласа и загуби меѓу 8, Движењето БЕСА 57.927, Алијанса за Албанците 35.091 гласови и ДПА 31.017 освоени гласови. ВМРО за Македонија има 24.449 гласови, Левица 12.119, Коалицијата за промени и правда – трет блок 10.083, ЛП 3.840, а ПДП 1.142 гласа.