Дилавер Бојку-Леку убиен со куршум во глава на плажа во Струга

Дилавер Бојку – Леку, познат на полицијата по бројни криминални дела и осуденик  за нелегална проституција во селото Велешта,  струшко, со куршум во глава беше убиен на плажа во Струга пред својата кафеана во близина на старата автобуска станица, потврдија од струшката полиција за САКАМДАКАЖАМ.МК.

Пукањето се случило околу 17 часот пред посетителите на кафеаната на плажата Аква блу.

Бојку му се закануваше на  Зијадин Села во 2013 кога беше градоначалник на Струга. Тогаш, тој во струшката полиција пријавил дека добивал закани од Дилавер Бојку Леку, сопственикот на угостителскиот објект „Блу Скај“ што се наоѓа на брегот на реката Дрим. Општината тогаш на сите сопственици на дивоградби покрај Дрим им испратила писмо во кое ги известува да ги отстранат  дивоградбите  на кејот.

Леку, очигледно револтиран поради ова, упатил вербални закани до градоначалникот. Полицијата потврди дека добиле пријава од струшкиот градоначалник. Тие го повикале Дилавер Бојку во станица и писмено го предупредиле дека сопственикот Дилавер Бојку треба да престане со заканите, а проблемите да ги решава во институциите.

Зијадин Села(фото)

Дел од објектот на Дилавер Бојку, и покрај заканите, тогаш беше урнат во акција на општината за отстранување на дивоградбите на струшкото крајбрежје.