Диме Христоски-Жабата од Прилеп кој му се закануваше и го нападна Зоран Заев во прес салата во Собрание , во 2005 година за време на одржување на прилепскиот Пиво-фест ги убил 4-годишната Елена Талеска и Никола Мојсоски-Коло. Според билтенот на МВР од таа година, на 2 јули на третата вечер од Пиво-фест, по претходна расправија Христоски од пиштол на самото место го усмртил Мојсоски, а од заталкан куршум додека се шетала со родителите загина 4 годишната Елена. Човекот со прекар Жабата, тогаш се правдал дека не можел да го издржи притисокот од убиениот, кој исто така бил со полициско досие, и од страв решил да го убие. Наводно, убиениот му барал рекет од 200 евра. Убиецот држел штанд на Пиво-фест.

По судскиот процес Диме Христоски-Жабата беше осуден на најниската казна од предвиденото кривично дело убиство, за што е предвидена казна од 10 години до доживотен затвор. Христоски 10 годишната казна ја издржуваше во Идризово, но нема податок дали ја одлежал целата или пак е пуштен порано.

Тој човек без никаков проблем влезе во Собрание на РМ, му се закануваше на пратеникот Заев среде парламентарниот дом, а потоа и го нападна и му нанесе тешки телесни повреди.

Неговите закани се регистрирани на ова видео: