Димитриев во Малта зборуваше за лојалноста на Македонија и справувавње со мигрантската криза

Во отворената сесија на обраќања на шефови на влади и држави се обрати и Премиерот на техничката влада Република Македонија Емил Димитриев. Тој во своето обраќање се осврна на важноста на европските интеграции како стратешки интерес на Република Македонија, но и улогата на државата во справување на мигрантската криза.

,,Во однос на мигрантската криза ние докажавме дека имаме  капацитет и споделуваме европски вредности потврдувајќи ја својата подготвеност  да се биде дел од решението на еден исклучително комплексен проблем. Со  ефективна и ефикасна реакција, со успешно менаџирање со границите и  исклучително хуман пристап, демонстриравме активна и проактивна улога директно  помагајќи на нашите пријатели од ЕУ во справувањето со овој голем хуманитарен,  социјален и безбедносен предизвик, за кој и во следниот период е потребна координирана  акција. Ризиците се реални и опасноста не е помината“, изјави Димитриев.

Премиерот Емил Димитриев посочи дека Македонија  докажа дека е лојален партнер на кој може да се потпре Унијата и кога Македонија може да  биде еден од столбовите и на браникот на европските интереси, подеднакво важно е да биде и дел од  стратешките планови и дел и од семејството на Европската Унија.

,,Со ова уште повеќе се  покажува потребата и значајноста за членство на Република Македонија во Европската Унија што е наша стратешка цел како држава, нешто што е од интерес и на нашата земја но и на европското и евроатланстко семејство, нешто што ќе  гарантира безбедност на регионот но и сигурно трасирање на економски и  политички сестран развој“, изјави Емил Димитриев.