Димитров и Дачиќ во Ниш отворија нова страница на искреност и доверба меѓу двете земји

Македонската  Влада не е вплеткана во разузнавачки активности, рече по средбата со српскиот колега Ивица Дачиќ, македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров.

За Дачиќ најважно е двете земји да се однесуваат искрено и одговорно.

Ова се поентите од средбата меѓу двајцата министри во Ниш, по дипломатскиот скандал со повлекување на персоналот на српската амбасада во Скопје.

“Разузнавачката дејност е деликатна работа, но најважно е дека во такви активности не е вплеткана македонската Влада“-изјави Димитров.

 

Димитров немаше прецизен одговор како Македонија ќе се однесува по прашањето за прием на Косово во УНЕСКО: Македонија е мултиетничко општество и мораме да бидеме многу внимателни при носењето вакви одлуки. Не смее никој да биде оштетен-рече Димиров.

 

Ивица Дачиќ првпат отворено ја посочи владата на претходниот премиер Никола Груевски, како одговорна за признавањето на Косово, што според него, за Србија била многу болна одлука.