Дипломатскиот булдожер Карл Билд денеска во Македонија

Копретседавачот на Европскиот совет за надворешни односи Карл Билд денеска е во Скопје. Своето присуство во Македонија тој го најави на својот твитер-профил, објавувајќи дека  патува за Скопје.

„Во раните утрински часови полетување од сончева Болоња. Скопје со Европскиот совет за надворешни односи е дестинацијата за овој ден“, напиша Билд.

Засега нема информација која е целта на нговото доаѓање во Скопје, но некои неофицијални информации зборуваат дека тој има средба со македонскиот Претседател Ѓорге Иванов.

Карл Билд е долгогодишен политичар и дипломат од кариера. Тој на неколку наврати бил министер за надворешни работи на Шведска, но еднаш на почетокот на деведесетите и Премиер на оваа земја. Ако Ричард Холбрук беше познат како американскиот дипломатски булдожер, Карл Билд е со тој атрибут во европски рамки.Тие двајца беа главните преговарачи меѓу завојуваните страни во Босна што резултираше со дејтонскиот мировен договор.