На својот твитер налог Филип Петровски од ВМРО ДПМНЕ, се уште актуелен директор на Државен архив, упати расистичка порака во врска со посетата на Заменик помошникот на американскиот државен секретар за европски и евроазиски прашања на САД, Хојт Брајан Ји кој од вчера престојува во Македонија.

,,Глупо е ако Жут Ли не се сретне и со Мерсила Дода. Па жената ни е министер за надворешни работи„-напиша Филип Петровски.

Филип Петровски е дел од насилничката толпа во Собрание. На фотографијата е заедно со Ивона Талевска:

 

Инаку Хојт Ји денеска, како што е предвидено, треба да се сретне со  Ѓорге Иванов, новоизбраниот претседател на Собранието Талат Џафери и со лидерите на ВМРО ДПМНЕ и на СДСМ, Никола Груевски и Зоран Заев. Вчера тој одржа средби со лидерите на ДУИ, Беса, Алијансата и ДПА. Тие го информираа американскиот дипломат за нивниот ангажман во насока на решавање на политичката криза. Лидерот на ДУИ Али Ахмети, по средбата со Хојт Ји изјави дека новиот претседател на Собранието Талат Џафери ја има поддршката на меѓународниот фактор и дека таа реалност треба да ја прифати и ВМРО ДПМНЕ.