Директорските плати во државните и јавните институции ќе ги контролира Владата

Директорите на Јавните претпријатија, како што се Македонски шуми, Македонски пошти,Агенција за станбен и деловен простор и сите други јавни и државни претпријатија, кадешто досега директорите сами ја уредувале висината на својата плата, а Советите или УО ги одобрувале, отсега ќе подлежат на проверка и одбрување од Владата, односно Генералниот секретар или Премиерот.

Ова следува по обелоденувањето на платите на Цветко Грозданов, Жарко Караџовски и други , кои земале поголеми плати од сите високорангирани функционери, вклучувајќи ги и Премиерот и Претседателот на државата.

Нивните плати се движеле од 90.000 до 120.000 денари.

Владата на Република Македонија го прифати предлогот на Генералниот секретаријат, сите идни менаџерски договори кои се однесуваат на уредување на односите и обврските на директорите на државните и јавните институции, претходно да бидат доставени до Владата на Република Македонија на запознавање, односно на одобрување, пред негово потпишување.