Директор на мостарска фирма одржа говор пред вработените,па скокна од терасата(видео)

Игор Крезиќ, директор на фирмата „Нсофт“ во БиХ, ги преплаши вработените и буквално ги шокираше откако по завршениот говор пред нив, се заврте, излезе на терасата и скокна од оградата. По ова завладеа паника, врескање и прескокнување преку столчињата, за да стасаат што побрзо до терасата. Но, кога истрчаа и погледнаа долу, следуваше уште еден шок. Всушност, нивниот директор поставил огромен душек под терасата, за да им претстави пластично, што значи ,,политичко самоубиство“.

,,Пред еден месец ја започнав својата политичка кариера, како и секое самоубиство и ова се случи заради вишокот време (ја чекав сопругата да најде Кока Кола -зеро во Конзум),напиша по овој црн хумор на својот ФБ профил Крезиќ.

Игор Крезиќ е сопственик на една од најуспешните фирми во Б и Х, но кога станува збор за шегувањето, често негува ексцентричен хумор.

Минатата година исто така ги шокираше вработените, влетувајќи во една од канцелариите низ ѕид:

Вработените велат дека никогаш не знаат што може да очекуваат од него.