Додик: Брајан Хојт Ји ќе заврши како амбасадор во Македонија

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, во денешна изјава за медиумите , објаснувајќи дека никој на него не врши притисок да се повлече од намерата да направи референдум за независнотс на РС, откри дека американскиот дипломат Брајан Хојт Ји ќе биде следниот амбасадор во Македонија.

Додуша, Додик тоа ги искажува со доза на потценување, па вели:

,,Никој од меѓународните претставници не ми вршел притисок да се откажам од референдум, па ни високиот претставник на американскиот Стејт Департмент, Брајан Хојт Ји. Тој е минато во американската дипломатија и ќе заврши како мабасадор во Македонија“-изјави Милорад Додик.