И покрај тоа што никој не му даваше шанса на бебето Ванелопи Хоуп дека ќе преживее, таа вчера прослави 21 ден живот со срце надвор од градниот кош.

Лекарскиот тим предводен од српскиот хирург Бранко Мимиќ, досега направи три сложени операции и успееа да и го спасат животот на малата Венелопи.

Бранко Мимиќ, шеф на хирургија на кардиолошкото  одделение во „Ист Мидлендс“ во  болницата Гленфилд во Лестер, објаснува дека сепак треба да се почека и да се биде внимателен.

,,Невозможно е да бидеме сигурни во вакви случаи, иако сега Венелопи мирно спие и изгледа нормално“-вели доктор Мимиќ за РТС.

Сега треба да се направи најсложениот дел од оперативните зафати.

„Размислуваме за интерна заштита на коските, со помош на пластика и  3Д печатач, или нешто органско што ќе биде прифатено од организмот“-вели  Френсис Батлок, детски кардиолог.

Оваа ретка дијагноза, ектопија кордис, се случува еднаш во милион случаи. Кога дознале дека детето што го носи има токму таква дијагноза, мајката Наоми и нејзиниот сопруг одбиле да се отстрани плодот.

 

Вродената аномалија била откриен во деветтата недела од бременоста , но Наоми и Дин од Нотингем, во ниту еден момент не помислувале на прекин на бременоста.
Извор:РТС и светски медиуми