Документарен филм ,,Шпион”

 

Изминатиов викенд Ал Џезеира Балканс на својата програма го емитуваше  новиот македонски документарен филм  „Шпион“, кој беше реализиран од продуцентската куќа “Револушн“ од Скопје и режисерот Дејан Милошевски.

Во филмот се зборува за уцените, трговијата со државни тајни и други афери, а приказната ги следи и вистинските случувања во Македонија, кога  полицијата уапси група од 20 -тина поранешни и сегашни припадници на македонската тајна полиција. Таа т.н “шпионска група“ според обвиненијата, се занимавала со собирање на информации за безбедносната ситуација во Македонија, за структурата на полициските и воените сили, а главната цел наводно била уривање на државниот поредок врз основа на  разговори со странски политичари и странски безбедносни агенции во регионот.

Во документарецот се опфатени архивски материјали од вистински случки од блиското минато, како и разговори со дел од обвинетите во аферата.

Видеото е дел од документарниот филм Шпион.