Полициски службеници на СВР Скопје во координација со Одделот за криминалистичка полиција при МВР, при претрес на два објекти во скопско Арачиново, а врз основа на претходно издадена судска наредба открија и запленија: 120 килограми опојна дрога марихуана, 100 грама  хероин, како и 100 грама – кокаин.

Имено по добиени оперативни сознанија за извршено кривично дело по чл.215 од КЗ на РМ (“неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“) беше издадена судска наредба за претрес во дом и други простории на лицата Р.Б. (32) и Е.Б. (56) од Арачиново. Притоа, покрај посочените количини на дроги – марихуана, хероин и кокаин, спакувани во јутани вреќи, најлонски кеси како и во поголем број помали политеиленски паковки, беа откриени и дигитални ваги, ролни прозирна леплива фолија и други предмети поврзани со кривичното дело. МВР во содејство со надлежен Јавен обвинител работи на целосно документирање на случајот.