ДОМ во коалиција со СДСМ освои 19 советнички места

ДОМ на овие локални избори, учествувајќи во здружената коалиција предводена од СДСМ, освои деветнаесет советници во исто толку општини во Република Македонија, кои, пред се, ќе се залагаат за реализирање на целите и заложбите на ДОМ како зелена партија, а тоа е создавањето зелени општини за здрав живот.

Советниците на ДОМ , заедно со претседателката Лилјана Поповска и членовите на Извршниот совет, оствариле и прв работен состанок за разгледување на насоките на нивното идно дејствување во општинските совети во земјава.

 

Димче Балески, советник на ДОМ од Валандово, побара рудниците за злато и бакар во југоисточниот дел на земјава  да се затворат и да се преиспитаат легислативата и документите со кои се издадени концесиите. Овој регион е земјоделски, а овие рудници би им ја загрозиле основната егзистенција на илјадници земјоделци, изјави Балески.