Донесен Предлог Буџетот за 2017 година

Буџетот е со рекордно ниво на капитални инвестиции, повисоки за дури 20 отсто во споредба со оваа година
Вкупните приходи се планира да бидат 187,6 милијарди денари, 7,6 отсто повеќе во однос на 2016 година, а расходите да се 206,22 милијарди денари, или за 4,5 отсто повеќе од оваа година. Буџетскиот дефицит е предвидено да изнесува 3 отсто од БДП, односно 18,6 милијарди денари во апсолутен износ.
Буџетот за 2017 година е работен врз основа на проекција за раст на економијата од 3 отсто следната година.
Бруто-инвестициите се очекува да остварат реален раст од 4,5 отсто, приватната потрошувачка да се зголеми за 2,1, а јавната за околу 1,3 отсто. Стапката на инфлација ќе остане на ниво од 1 отсто, а се очекува вработеноста да се зголеми за 1,8 проценти. Просечната бруто плата во земјата треба да забележи номинален раст од 1,8 отсто.
За тековни расходи се планирани 179,26 милијарди денари или раст од 2,4 отсто во однос на 2016 година.
Во следната година е предвидно да заврши изградбата на автопатот Демир Капија – Смоквица, да продолжи моденизацијата на железничкиот коридор 10 и реализација на првата и втората фаза од проектот за изградба и рехабилитација на пругата кон Бугарија, а ќе се вложува и во енергетската и комунална инфраструктура за што се проектирани капитални инвестиции во износ од 3,48 милијарди денари.