Дописникот на МИА од Брисел Бобан Нонковиќ побарал 550 евра за перење на завесите во станот

 

Бриселскиот диписник Бобан Нонковиќ е еден од четворицата од државната новинска агенција МИА, кои треба да си ги спакуваат куферите и да се вратат во матичната редакција во Скопје.

Но, откако ја добил “депешата” и самиот “свиткал лист хартија!” и известил во Скопје дека му се потребни дополнителни 550 евра, за перење на завесите од станот!

Додуша, тој допуштил, завесите да ги испере и самата агенцијата, ако сака и во Вардар во Скопје, но предупредил дека “неквалитетното перење, ќе ја чини државата дополнителни 3.500 евра – казна!”.

Како што е познато,по  препорака на Надзорниот одбор на МИА,  УО неодамна донесе одлука  на четворица дописници  во странство да им престане работниот однос, и им испратил “депеши”, да си купат карта во еден правец.

Само минатата година и само за дописниците од Берлин, Атина и Берлин,  МИА платила 8 милиони денари (140.000 евра), во која сума не се влезени авионските билети, за честите патувања во двата правца.

МИА, во последниве  1о години, енормно го зголемила  бројот на вработените, од  триесетина, со колку што работеше до 2006, на дури 72, колку што  во моментов се редовно вработени.

На нив треба да се додадат и околу 30 хонорарни соработници, од кои 12 се дописници од толку градови во Македонија во внатрешноста, надвор од Скопје.

Со предвременото завршување на “мандатот” на дописниците, завршува и  практиката на  честото купување авионски карти во двата правци, за што се трошеле поприлично пари,освен оние базични 3.000 евра за плата и стан.

 

Затоа, сите да ги засучиме ракавите и да испереме валканиците на Бобан Нонковиќ!?

Веле Митаноски