Драган Спасов Дац: Глумците своеволно ја напуштија сцената и затоа сите до еден ќе бидат казнети

,,Пријатели и љубетели на театарот, денеска се случи нешто што не смееше да се случи. СЕ ОТКАЖА ПРЕТСТАВА ВО МНТ.

Покрај мојата сугетија и наредба да се игра претстава, глумците своеволно одбија да ја играат претставата “Ничија земја”, како поддршка за приведените глумци кои беа инволвирани во случувањата од 27-ми април во Собранието.
Сите до еден ќе бидат казнети за непослушноста и по разговорот со мене свесни се за проблемот кој го направија.
Театарот постои за публиката и така ќе остане.
Ова го почувствував како атак кон мене и кон нашата публика.
Со почит
Драган Спасов Дац“-објави В.Д директорот на МНТ на својот ФБ профил

Сашко Коцев, Никола Ацески, Александар Михајловски,  Гораст Цветковски
Бошко, Александар Микиќ, Славиша Кајевски, Александар Ѓорѓиески, Борче Начев, Оливер Митковски, Камка Тоциновски, Стефан Спасов и останата екипа која игра во ,,Ничија земја’, вечерва ја откажаа претставата во знак на поддршка или простест заради 30 дневниот притвор на нивниот колега Владо Јовановски.
Јовановски беше дел од организаторите на протестите, кои резултираа со организиран напад на пратениците од СДСМ и коалицијата на 27 април во Собрание на РМ.