Драган Спасов Дац: Непростливо е тоа што го направија вчера актерите на МНТ

 

В.Д. директорот на МНТ, Драган Спасов Дац, смета дека е непростлива постапката на неговите колеги од претставата ,,Ничија земја“, кои не ја одиграа и вратија полна сала публика. Тој потврди дека ќе има санкции:

,, Ќе има нормално, затоа што театарот постои за публиката. Ние вчера вративме полн салон. На мое инсистирање да се игра – не ме послушаа, ја одложија. Јас дојдов после, се собравме сите, реков никој да не си оди. Се собравме, разговаравме, дадоа изјава, таа изјава ќе биде и јавна и јас реков сите до еден да бидат санкционирани со казна која што е нормална за вакви ситуации, затоа што, во ред е да се солидаризираш со некој актер, но, нека се солидаризираа денеска, да излезат надвор, да направат нешто, а не да вратат 600 луѓе публика. Тоа  што го направија вчера е енепростливо“.

Станува збор за целата екипа од „Ничија земја“, а интересно е што во оваа претстава игра и синот на Дац, Стефан Спасов.

Министер Алаѓозовски, пак, смета дека  овој пример со бојкотот на претставата покажува само колку е македонската држава сè уште заробена од претходниот систем и колку партизацијата е длабоко навлезена во институциите.

За нас е нормално и прифатливо да се солидаризираат, но ние ги повикуваме не само членовите на овој ансамбл, туку и сите вработени во културата добро да размислат со кого се солидаризираат и за какви акти. На крајот на краиштата, сите ние се бориме за институциите да работат професионално и независно една од друга, секоја според својата надлежност. Во таа смисла, ние повикуваме институциите да работат без било каков притисок, -рече Алаѓозовски.

,,Ги повикуваме самите вработени во нашите институции да се ослободат од стегите на политизацијата и по можност да се однесуваат професионално за она за што се обучени, за она што најдобро го знаат и, да ја објавуваат културната мисија на институциите во рамките на кои дејствуваат, зашто на крајот постоиме за граѓаните и за публиката, која доаѓа тука за да ги остварува своите културни потреби.

Во таа смисла, директорот најавува казни, тоа претпоставувам ќе бидат казни кои ги овозможува правилникот, критериумите, законот, во рамките на кој постојат самите институции“-рече министерот.