Драган Шутановац избран за Претседател на ДС

Поранешниот министер за одбрана и близок соработник на Борис Тадиќ, Драган Шутановац, е избран за нов лидер на српските демократи. Тој е шести Претседател на Демократска Странка од нејзиното основање. На партиските избори одржани во Белград, Шутановац освоил 59 проценти од гласовите на партиските членови, на второ место со 19,8 проценти е Зоран Лутовац, а досегашниот лидер на ДС Бојан Пајтиќ е трет само со 16 проценти доверба од партиските колеги. Околу 18 илјади членови имале право на глас, а на избори за нов партиски лидер излегле 12 илјади.
Шутановац им се обратил на присутните во седиштето на партијата и се заблагодарил за укажаната доверба.
И во Хрватска социјал демократите бираат нов лидер по поразот на последните вонредни парламентарни избори на кои СДП освои 54 пратенички места, по што Зоран Милановиќ поднесе оставка. Сега, за неговото место конкурираат 8 членови на партијата.