Драгиша Милетиќ во коалиција со СДСМ

Партиските комбинаторики продолжуваат да изненадуваат. Претседателот на ЛДП Горан Милевски објави на својот ФБ профил фотографии од потпишувањето на предизборниот опозициски коалициски договор. Меѓу присутните може да се забележи и Драгиша Милетиќ претседател на Српска напредна странка за Македонија, кој направи неверојатен маневар пред неколку години за локалните избори кога заедно со Стефчо Јакимовски го ,,надмудрија” Бранко Црвенковски и СДСМ.

 

miletic

Тогаш Милетиќ му ги позајми партиските печати на Јакимовски кој во последен момент се кандидираше како градоначалник на Карпош од редовите не СНС и победи.