Драстично падна нивото на Охридско Езеро

Водата во Охридско Езеро се повлече и нивото е драстично паднато, покажуваат овие фотографии.

Според екологистите, главниот проблем е што што езерото има третман на акумулација управувана од ЕЛЕМ на истекот во Струга. Ова се случува со децении, а вообичаено по летниот период, заради високите температури и на залез од туристичката сезона, хидролошката состојба е генерално очајна.

Водостојот на реката Црн Дрим е катастрофален, а од друга страна мора да се обезбеди биолошки минимум во реката. Екологистите потсетуваат дека одамна бараат да се ревидираат меѓудржавните договори, со кои се користат заедничките води од водните ресурси.

,,Прво, да се изработи билатерален менаџмент План за сливот на Езерото (обезбедивме средства, огласот е во тек). Второ, да се обезбеди синхронизација помеѓу ЕЛЕМ и КЕШ (им организиравме прва заедничка средба и изготвуваме предлог Меморандум за нивна соработка) и трето, потребен е Нов Договор и визија за целиот Дримски басен со регулирани односи и формирани и активни работни тела (го работиме во рамките на Дримскиот процес). Само со овие потези ќе се решат проблемите. Затоа ги донесовме процесите и интензивно ги работиме (иако е тоа секако подолг процес). ….Од искуство говорено, поинаку и не може …“-пишува на својот ФБ профил Дејан Паноски, кој беше советник во општина Охрид , а беше и државен секретар во Министерство за животна средина и  екологија во времето на ВМРО ДПМНЕ.