Овие застрашувачки снимки се забележани вчера и покажува навистина страшна состојба на терен околу Вардариште, Ново Лисиче, Аеродром и целиот кеј на Вардар. Овој дел од Скопје е редовно најзагаден и со високи концентрации на канцерогени честички. Нема информации дали и што ќе преземе инспекторатот, Владата , општините и Министерството за животна средина. Но, акција е потребна веднаш и сега. Без одложување.

АКО.мк