,,Друмарина“- нов случај за патарините на Бонева која со лажни сметки зела 100.000 евра

СЈО објави дека работи на 7 нови истраги.

,,Странски служби“ е нова истрага на СЈО, информираше обвинителката Фатиме Фетаи.

Станува збор за активност на вработени во МВР, кои во декември 2014 година, со поддршка на тогашниот државен врв, имале задача преку јавна набавка да набават опрема за прислушување која потоа ќе се прикаже како нелегална базна станица. Тоа требало да послужи за пропагнадни цели за да се одвлече вниманието на јавноста од аферата за прислушување и да се објави дека е пронајдена нелегална базна станица преку која се врши нелегално прислушување од наводни странски служби.

,,Друмарина“ е втора истрага, за која е осомничена поранешна пратеничка од ВМРО ДПМНЕ(Силвана Бонева), за злоупотреба на службена положба. Таа поднесувала лажни белешки за да прикаже дека патувала, но утврдено е дека таа воопшто не патувала на релација Скопје-Струмица, туку претстојувала во Скопје. Доколку патувањата биле реализирани како што прикажувала, таа требало да помине 235.928 км, иако од прибавените докази утврдено е дека таа со возилото поминала  133.520 км. Ова е дополнителен показател дека реално не ги направила пријавените трошоци за кои зела 100.000 евра пари буџетски пари  за наводни патни трошоци.

,,Рентген“ е трета истрага, а  се однесува на работењето на поранешниот министер за здравство Никола Тодоров, кој фаворизирал една од фирмите за набавка на рентген апарати, овозможувајќи и на фаворизиранат фирма да добие детални податоци за учество на тендер .

,,Продуцент“, е истрага за поранешен  министер за земјоделство, кој со ,,Смарт центар Д.О.Е.Л Скопје“, склучил договор за изработка на емисија емитувана на ТВ Сител, без спроведена постапка од Закон за јавна набавка.  50.000 евра за овие услуги, се исплатени директно од министерство за земјоделство.

,,Лидери“, е истрага за двајца лидери на политички партии кои договарале уривање на објект изграден спроти Американската амбасада.

,,Тарифа 2“ е нова истрага за ист обвинет од случајот ,,Тарифа“.

,,Транспортер2“, е продолжение на незаконскиот превоз на ученици во Битола и се однесува на 10 осомничени , меѓу кои повторно се истражува работата на поранешниот градоначалник на Битола , Владимир Талески.

АКО.мк