Дурловски, Чавков, Јовановски и другите остануваат во притвор

Поранешниот директор на бирото за јавна безбедност, Митко Чавков и оперскиот пејач, Игор Дурловски , поранешниот началникот во Шестата управа во МВР, Оливер Поповски,  шефот на обезбедувањето на екс спикерот Трајко Вељаноски, Горан Ѓошевски, како и  Мунир Пепиќ, Душко Лазаров, Митко Пешов, Оливер Радулов и Илија Славевски, сите остануваат во притвор во истражниот затвор Скопје, бидејќи Апелација ги одби нивните жалби.

Во истражниот затвор  останува и Богдан Илиевски, познат како „Бетмен Велит“. Апелацискиот суд одби да му го укине притворот на актерот Владо Јовановски, иако обвинителство побара поблага мерка, домашен притвор.