Д-р Ношпал до д-р Камиловски: Викторе, јас ,,роботизирам“ луѓе од 1987 година

Д-р Тодор Ношпал, познат ортопедски хирург, на својот ФБ профил го искритикува д-р Виктор Камиловски , специјалист хирург-трауматолог на Клиника за хирургија ,,Св.Наум Охридкси“ . Тој го исмева Камиловски , кој во некои медиуми и портали е претставен како првиот доктор-специјалист кој во Македонија извршил операција на зглоб кај пациент, т.н. ,,роборизирање“.

,,Хахахаха, е овој човек е дефинитивно луд и невиден лажго или воопшто нема поим што досега се работело во Македонија во Ортопедијата. Според новава терминологија „роботизирање“. Прв во бивша Југославија реботизираше познатиот Проф. Љупчо Серафимов во далечната 1976 година, само 9 години после првиот Сер Чанли од Лондон. А јас „роботизирам“ луѓе од 1987 година кога ја пласирав мојата прва тотална ендопротеза. Во меѓувреме и ги едуцирав во Загреб и Сисак. Да не зборувам за другите колеги од Клиниката за Ортопедски болести. Операциите од овој тип низ Македонските Ортопедски центри. Абе Викторе, Викторе, кај ти забега паметот“-напиша д-р Ношпал.

АКО.мк