Д-р Јелка Спасовска-Масин се самоубила по третиот бодеж со нож?

 

Обвинителството сè уште не излегува со детали дали докторката Јелка Спасовска-Масин е убиена или се самоубила. „Макфакс“ од свои извори во МВР дознава дека сакаат случајот да го затворат како самоубиство, иако Обвинителството сè уште истражува, а наодите од Судска медицина не наведуваат прецизно за таков исход. Ниту Обвинителството не може да одреди сè уште дали е убиство или самоубиство – досегашните докази не даваат сигурен исход ниту за една варијанта.

Деталите од истрагата до кои дојде Макфакс говорат дека целата ситуација е нејасна и не е направен максимален напор да се открие како настанала смртта кај докторката. Засега е најблиску сценариото што Јавното обвинителство планира да го направи, односно дека се работи за самоубиство, при што докторката наводно трипати сама си забила нож во пределот на вратот, и тоа  на задниот дел од главата. Според неофицијалните информации, докторката Спасовска-Масин првин еднаш си забила нож, а веднаш потоа си нанела уште еден убод од 4 сантиметри, и на крај си нанела   трета рана со убод од 12 сантиметри, пишува Макфакс.

Беживотното тело на докторката беше пронајдено на 9 мај  и шест месеци подоцна не се собрани и земени предвид сите докази и факти.

Никој од крвното сродство  на докторката Јелка Спасовска-Масин досега не бил повикан на разговор во полицијата.