Еврокомесарот Гинтер Етингер страхува од граѓанска војна во Шпанија

Може само да се надеваме дека наскоро ќе има разговори меѓу Мадрид и Барселона, бидејќи ситуацијата е многу вознемирувачка, изјави еврокомесарот за буџет и човечки ресурси, Гинтер Етингер.

Етингер смета дека постои голем ризик од граѓанска војна во Шпанија , по евентуалното еднострано прогласување на независност од страна на Каталонија.

Тој повика на итен дијалог меѓу двете страни, а рече дека ЕУ ќе прифати да посредува, доколку тоа биде побарано:

,,Ситуацијата е многу вознемирувачка. Се планира граѓанска војна сред Европа. Се надевам дека наскоро ќе се воспостави дијалог„-изјави Етингер во Минхен.