Еден процент граѓани во Македонија заработуваат над 1.523 евра,а 50 насто под 212 евра

Македонија има највисока доходовна нееднаквост во Европа, или најголем јаз меѓу сиромашните и богатите, објави Министерство за финансии.

 

3 проценти од населението имаат богаство како половина од вработените. Еден процент имаат месечен доход над 1.523 евра, додека 50 насто заработуваат под 212 евра месечно.

„Овие податоци се базираат на податоците на УЈП, а ќе помогнат во правење анализи кои ќе влијаат за подобрување на економските и социјалните политики, кои ги креираат не само институциите, туку и истражувачката и академската јавност. Исто така, објавените податоци ќе создаваат притисок да се работи на намалување на нееднаквоста на доходот во Македонија“, изјави министерот за финансии, Драган Тевдовски.

Разликите во примањата на менаџерите и вработените се огромни- вели Бранимир Јовановиќ , советник во ова министерство. Како пример ги посочи работниците во една текстилна фабрика, каде 376 вработени имале по 140 евра просечен доход, додека еден вработен заработувал по 73.000 евра месечно. Оваа анализа треба да биде вовед во имплеменатцијата на прогресивните даноци кои ќе треба да го намалат овој јаз, вели Јовановиќ.

„Во Македонија најбогатите остваруваат 14% од вкупниот доход. Но што значат овие проценти. Ако вкупниот личен доход во 2016 година во Македонија изнесува околу 3,4 милијарди евра, 14% од нив, односно 470 милиони евра завршиле кај најбогатите 1% од луѓето. Тоа значи дека просечниот личен доход кај најбогатите е за 14 пати поголем од просечниот личен дохот во државата“, изјави Бранимир Јовановиќ.

Според анализите на Министерството за финансии, поголем процент од доходот по основа на закупнини, дивиденди и камати завршува во џебот на побогатите.

Просечниот доход на најбогатите 1% е 14 пати поголем од просечниот доход во државата

Месечен доход за различна категорија на граѓани

Пример

Раст на просечниот доход за различна категорија на граѓани

Даночен товар за различна категорија на граѓани