Еди Рама во војна со албанската Академија на науки

Албанскиот премиер, Еди Рама, деновиве ги интензивираше нападите и критиките врз  албанската Академија на науки, откако пред две години побара да се реформираат, во спротивно се закани дека ќе ја затвори.

Рама повторно ја нападна Академијата на науките, велејќи дека од неа остана само името.

За време на состанокот со истакнати дипломци, уште еднаш се наврати на  неговиот конфликт со Академијата на науките:

“На Академијата на науките и остана само нејзиното име. Ги замолив учениците да бидат вклучени во дебата за нештата што треба да се променат”, рече Рама.

Во меѓувреме, продолжуваат критиките од повеќе академици заради финансиското исклучување на оваа институција од буџетот за наредната година. Членовите на оваа Академија побараа средба со премиерот Рама, но тој одбива да се види со нив.

Претходно, Рама се спротистави на изборот на  реизборот на Гутар Беќирајт на чело на оваа институција.

Министерката за образование и спорт, Линдита Никола, изјави дека буџетот на Академијата на науките не зависи од институцијата што ја води, туку од премиерот.

Во буџетот за 2018 нема предвидено пари за Академијата на науки на Албанија.
АКО.мк