Еди Рама е јавувачот кој ја спречил коалицијата меѓу ВМРО ДПМНЕ и ДУИ?

Откако Ѓорге Иванов, Претседател на РМ, ја фрли ракавицата новинарите да откријат чиј телефонски повик еден час пред објавување на коалицијата ВМРО ДПМНЕ-ДУИ го спречил нејзиното создавање, порталот Фактор посочува дека тоа би можел да биде Еди Рама, албански Премиер кој многу често во изјавите на ВМРО ДПМНЕ се спомнува како главен причинител за политичката криза во Македонија.

Имено како што потсетува Фактор, ова практично неодамна го открил еден од основачите на ВМРО ДПМНЕ Мане Јаковлески, кој  за Фактор  изјави  дека во последен момент на лидерот на ДУИ Али Ахмети му се јавил Премиерот на Република Албанија Еди Рама.  Јаковлески за тв магазинот Фактор 24 ова го изјави уште на 1 февруари 2017 година:

Премиерот на Албанија Еди Рама го спречи формирањето на Влада помеѓу ВМРО ДПМНЕ и ДУИ. Вечерата кога ДУИ одлучуваше да влезе во Влада со ВМРО ДПМНЕ јас имав луѓе во Мала Речица кои изворно ме информира за состанокот на ДУИ. Дури едно време ми беше најавено дека ДУИ не 100 туку 1000 проценти влегува во коалиција со ВМРО ДПМНЕ . Но, во последен момент Еди Рама му се јавува на Али Ахмети и спречува да се формира Влада меѓу ВМРО ДПМНЕ и ДУИ. Значи покрај Теута Арифи, Невзат Бејта и други кои беа против продолжување на коалицијата, во последен момент се вмешува и Еди Рама“, рече во интервју за „Фактор 24“ Мане Јаковлевски .

 

Еве ја таа изјава на Јаковлевски за Фактор24 емитувана на Тв24, на почетокот од емисијата: