Едмонд Темелко ќе оди во домашен притвор

На Едмонд Темелко му е одредена мерка домашен притвор, и тој наскоро ќе излезе од притворното одделение во истражниот затвор , брифираат извори од Кривичен суд.

Темелко два месеца се наоѓа во притвор ,а е обвинет за изборни нерегуларности поврзани со локалните избори пред 5 години кога беа злоупотребени Македонците од Пустец и носени на организирано гласање во ооштина Центар во Скопје.

ВМРО ДПМНЕ денеска повика на протести пред Влада на РМ, заради продолжувањето на притворот на Темелко.