ретседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, во придружба на министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, и министерката за образование и наука, Рената Дескоска, денеска присуствуваше на промоција на македонската верзија на документот „Меѓународна класификација на функционирање“, од новата фаза од кампањата „Биди фер, за детство без пречки“ во организација на УНИЦЕФ.

На промоцијата, на која учествуваат претставникот на УНИЦЕФ во Македонија, Бенџамин Перкс, претставници на невладини организации и многубројни граѓани, премиерот Заев, ги потврди цврстите заложби на Владата на Република Македонија, да развива инклузивно општетство со еднакви услови за сите граѓани и ги соопшти определбите на владата бариерите што се присутни во оп

Премиерот Заев ги коментираше резултатите од анкетата направена од УНИЦЕФ, за проблемот со низок степен на контакт со лица со попреченост, за неможноста децата со попреченост да ги развиваат своите потенцијали како другите деца, и порача дека Владата на Република Македонија ќе работи на тоа да ги промени овие перцепции со тоа што ќе ги отвори шансите и можностите за децата со попреченост.

„Преземаме обврска како Влада, со нашите посветени инклузивни политики, на вклучување на сите во општеството, да го извлечеме потенцијалот од децата со попречености и да дадеме пример на светот, дека со искрена волја, пречките стануваат мотивација на патот кон целта, а нашата цел е општество за сите и живот за сите во нашата земја, Република Македонија.“ го заврши своето обраќање пред присутните премиерот на Република Македонија, Зоран Заев.