Размислувајќи за линиите меѓу  фикцијата и реалноста,,, BIKINI MOON“, најновиот филм на режисерот Милчо Манчевски, ја раскажува приказната за режисер на документарни филмови и неговата  харизматична, но проблематична девојка, со која живее во  Њујорк и која му го превртува животот наопаку.

Манчевски го напиша сценариото за филмот, базирано на негова приказна, заедно со В. П. Розентал. ,,Czar Film“ од Германија  е предводник на продукцијата во соработка со Milkman Productions, NY, и YN Films, Канада, со продуцентите Ања Ведел и Мунир Армстронг. Џош Вајнштајн е директор на фотографија, а Дејвид Мунс дизајнер на продукција.

Кондола Рашад (Condola Rashad) ја игра главната улога во ,,Bikini Moon, инаку позната актерка на Бродвеј, која играла во (Romeo and Juliet, Stick Fly, The Trip to Bountiful). Таа е исто така дел од филмската екипа во филмот  Money Monster, со George Clooney и Julia Roberts, во режија на Jodie Foster.

Во продолжение погледнете го ексклузивниот трејлер од најновиот филм на Милчо Манчевски, кој премиерно ќе биде прикажан на Меѓународниот филмски фестивал ,,Мостра„  во Сао Паоло, Бразил, на 21 октомври.

 

 

АКО.мк