Експлозија во Турција, блокиран Твитер

Неколку лица загинаа, а триесетина се ранети во експлозија која утринава го потресе Дијарбакир, курдски град на југоистокот на Турција, јавува турската ТВ станица НТВ.

Веднаш по инцидентот во Турција е блокиран пристапот на Твитер.

Според првите информации експлодирал автомобил – бомба, а сведоци наведуваат дека детонацијата се случнала во целиот град.

Експлозијата одекнала неколку часа откако полицијата извршила рација во седиштето на прокурдската Народна демократска партија (НДП) во Анкара и уапсила 11 нивни членови, меѓу кои и лидерот Селахатин Демирташ, кого светските медиуми го нарекуваат „Курдскиот Обама“.

Уапсена е и преведувачката на НДП, Фиген Јуксекдаг.

Адвокатите на партијата соопштија единаесеттемина се уапсени затоа што одбиле да сведочат за злосторства поврзани со терористичка пропаганда.

Турција ја обвинува НДП за поврзаност со курдската милитантна организација Работничка партија на Курдистан, која САД, ЕУ и Турција ја сметаат за терористичка организација.