Експлозија на автомобил-бомба во Могадиш

Автомобил-бомба експлодира во сомалискиот град Могадиш, соопштуваат официјални лица од тамошната полиција.

Засега нема информации за загинати или ранети во инцидентот.

Експлозијата се случила во близина на зградата на Парламентот.

Засега не се знае кој е одговорен за овој напад. Никој сеуште не ја превзема одговорноста.

Припадници на милитантната група „Ал шебаб“ на 19 октомври со автомобил – бомба влетаа во полициска станица во сомалискиот град Афгоја кога загинаа 11 луѓе.