Елвис Бајрам е претепан со метални прачки

Градоначалникот на општината Шуто Орузари, кој е и кандидат за истата функција на претстојните локални избори, Елвис Бајрам, и уште едно лице кое било со него, се претепани со метални прачки и со тешки повреди и во безсознание е однесен во болница.

Две групи насилници физички се пресметале вечерва во населбата Шуто Оризари во Скопје. Има повредени, неофицијално дознава Плусинфо.

Од МВР  кусо потврдуваат дека имало физичка пресметка, но засега не соопштуваат никакви детали. Силни полициски трупи можат да се забележат во населбата, а и околу Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје.

Фото:Алсат М