39 годишниот Емануел Макрон победи на претседателските избори во Франција со освоени 65,1% од гласовите во вториот круг. Неговиот противкандидат Марин Ле Пен освои34,9% проценти.

Поранешниот министер за економија во владата на социјалистот Франсоа Оланд е кандидатот кој ветуваше реформиран пат во ЕУ , додека Ле Пен се залагаше за излегување на Франција од Унијата.

Екстремните националистички ставови на ултрадесничарката сепак привлекоа 10 милиони гласачи, двојно повеќе од нејзиниот татко Жан-Мари Ле Пен, кој учествуваше во вториот круг од претседателските избори во 2002 година.

Макрон ќе биде најмладиот претседател на Франција, долшноста ја презема од социјалистот Франсоа Оланд кој успеа да остане само еден мандат на функција та , а си заминува со историски ниска доверба кај Французите.