Ердоган прв помина низ тунелот под Босфорот

Возејќи автомобил, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес прв помина низ новиот тунел долг повеќе километри, кој под Босфорскиот теснец ги поврзува европскиот и азискиот дел.

„Новиот тунел, чија изградба почна во февруари 2011 година и којшто преминот од едниот на другиот брег на Истанбул ќе го скрати за неколку минути, ќе биде отворен „за јавност“ на 20 декември“, рече турскиот претседател во говорот на националната телевизија.

Претходно, Ердоган во придружба на премиерот Бинали Јилдирим и министерот за сообраќај Ахмет Арслан, два пати помина низ тунелот „Евроазија“, од азиската страна на европската и назад, возејќи ги во „мерцедес“.

„Од 29 октомври 2013 година, и отворањето на Мармараја (железничкиот тунел кој поминува под Босфор), 156 милиони луѓе преминале од азискиот на европскиот брег и обратно“, рече Ердоган и додаде дека сето тоа било остварување на сонот.

marmaray

Наречен „проект на векот“ тунелот Мармарај е долг 14 километри, од кои 1.400 метри се под морето. Тој е првиот гигантски проект на Ердоган и како претседател на Турција и како поранешен градоначалник на Истанбул.

Во август годинава претседателот на Турција го отвори третиот мост во Истанбул – Јавуз Султан Селим, елегантно архитектонско дело изградено во рекорден рок.

most

За две години, пак, треба да почне со работа третиот аеродром во Истанбул. Ова гигантско „авио пристаниште“ со шесте писти што ќе ги има во прво време ќе опслужува најнапред 90 милиони патници, а потоа и 150 милиони, надминувајќи ги аеродромите Шарл де Гол во Париз и лондонскиот Хитроу.