Ердоган се заканува: Ќе го скинам договорот

Турскиот претседател повторно е во отворен дуел со Брисел. „Виси“ договорот за бегалците и трговските врски.

Главниот проблем се визите за Европската унија кои Брисел не се согласува да ги укине за државјаните на Турција.

Тркалото што го заврте Реџеп Таип Ердоган, се врти толку брзо што се заканува дека ќе излезе од осовината.

brisel

Лидерот на Турција му постави ултиматум на Брисел: Ако не ги укинете визите за ЕУ, ќе го суспендираме договорот за бегалците.

Заканата формално ја изрече шефот на дипломатијата Мевлут Чавушоглу, а не претседателот Ердоган, но тоа не го менува правецот од каде дува ветрот.

„Трпението ни се ближи кон крајот“, порачал во интервју за „Ноје цинише цајтунг“.

Турција, според неговите зборови, реагирала на барањата на Брисел и подготвила измени на законот за борба против тероризмот, што од ЕУ и биле поставени како еден од критериумите за визна либерализација.

Францускиот весник „Фигаро“ оценува дека „Ердоган и неговата влада веќе видливо идејно и политички се одалечуваат од Европа и се приближуваат кон муслиманскиот арапски свет.“

Кршењето на човековите права и слободи во Турција веќе го разниша нејзиниот статус како таканаречена „безбедна земја“.

erdogan-2

„Германија е засолниште за терористи“

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган тврди дека Германија станала засолниште за терористи.

Го обвинува Берлин што не ги испорачува приврзаниците на САД за кои Анкара смета дека се одговорни за обидот за воен удар во Турција.

Тој навел дека Германија „долго гаела“ милитанти од Kурдската работничка партија (ПКК) кои се борат за курдска автономија, како и членови на крајно левичарскиот екстремистички Фронт на ослободителната партија на револуционерниот народ, кои се приведени во текот на пучот во јули.