ЕУ бара нов претседател на Собрание и формирање Влада без одложување

Европската Комисија очекува избор на нов собраниски спикер без одложување, порача на денешната прес-конференција портпаролката Маја Коцијанчич. Од ЕУ уште еднаш упатија порака дека мора да се почитуваат резултатите од последните избори и парламентарното мнозинство кое беше формирано по нив.
„Актуелната неизвесно мора да заврши и да се направи Влада без одложување, врз база на парламентарното мнозинство коешто постои“, рече портпаролката на ЕК Маја Коцијанчич.
Таа ги повтори пораките кои им беа пренесени на македонските власти од страна на шефицата на дипломатијата на ЕУ, Федерика Могерини и комесарот Јоханес Хан.
„Ние сега очекуваме сите политички лидери и институции да дозволат демократскиот процес да се одвива, а ова го вклучува и изборот на нов спикер, нешто што ние би сакале да го видиме без одложување”, рече Коцијанчич.