ЕУ планира да воведе бесплатен безжичен Интернет до 2025

Доаѓа крајот на немање Интернет, на барање лозинки од келнерки, на седење мирен 3 минути без ѕверење во телефонот – барем на територијата на ЕУ. Олеснување за сите зависници од „социјални“ мрежи носи Жан Клод Јункер, кој во својот последен извештај на работата на Европската Комисија извести дека до 2025 година го гледа волшебниот свет на бесплатен безжичен Интернет во сите центри на урбаните активности и живеење.

Идејата е да се оствари пристап на Интернет според карактеристиките на петтата генерација безжични мрежи (популарно наречена 5Г), за да се осигура брз пристап, помала потрошувачка и остварување на сите потреби кои луѓето ги имаат на Интернет.

Нормално, покрај тоа што е наменета за луѓе кои чмаат на Facebook по цел ден, наменета е и за интелектуални работници на кои работата им е главно или само преку Интернет. Тие можат да отидат до било која држава, а сепак да имаат пристап и да ги завршат своите обврски.

Секако, ако големите браќа и сестри не одлучат да му го прекратат пристапот до јавен Интернет ако направил нешто што не им се допаднало. Имено, можеби не се сеќавате, но тука сме да ве потсетиме, дека пред неколку години Apple беа во големи проблеми зошто на iPhone држеле документ кој ја наоѓа позицијата на корисникот преку следење на безжичните мрежи и антените за мобилен сигнал. Постои сомневање дека другите производители не се ништо подобри, туку само подобро се кријат.

Со безжични мрежи на секој чекор без воопшто оддишка нема ни да има дилема дека вашата локација секогаш ќе биде позната, или на достап од 2-3 минути пребарување, а нормално и самиот телефон ќе биде достапен за хакирање каде и да одите.

Како и да е, ЕУ планира да вложи 120 милиони евра за да ги покрие јавните места со бесплатен (ако под „бесплатен“ се подразбира платен од даночните обврзници, како и сè друго „бесплатно“, а државно) безжичен Интернет, што како замисла е интересно. Но, останува да чекаме да видиме како ќе се оствари во пракса.