ЕУ: Широка коалиција значи широка коалиција

Портпаролката на Европската комисија Маја Коцијанчич го дообјаснува еврокомесарот за проширување Јоханес Хан , кој вчера рече дека за земјата (Македонија) е добра Влада со уставно мнозинство. Таа денеска рече дека Јоханес Хан со вчерашната изјава  мислел на потребата да  има широк политички консензус и широка коалиција за  да може земјата ефикасно да се справи со многуте предизвици, известува  МИАод Брисел.

Спроведувањето на итни реформи и договорот од Пржино бараат силна посветеност на сите политички партии, посочи портпаролката Коцијанчич.

„Сите главни политички партии се за реформската агенда за ЕУ и се согласуваат дека патот кон ЕУ е стратешка цел на земјата. Ако тие работат заедно кон оваа заедничка цел, тие ќе имаат де факто уставно мнозинство, што е важно на патот кон еврoпската интеграција“ рече Коцијанчич.

Ова е само уште една од низата изјави кои само ја комплицираат дополнително политичката ситуација во Македониоја, посебно ако се знае дека веќе утре ќе има некои нови изјави со нови пораки, кои потоа пак дополнително ќе се толкуваат.

АКО.мк,МИА