ЕУ ќе воведе санкции за Сирија и за Москва?

Случувањата во Сирија предизвикуваат реакција во Европската унија и најава на нов сет „казнени мерки“.
Шефовите на дипломатиите на државите од ЕУ во понеделник ќе имаат расправа за „разгорувањето на судирите во Сирија, вклучувајќи го и заострувањето на судирите околу Алепо“, велат лица од држави членки на ЕУ.

Дипломатски извори наведуваат дека не е исклучено да се разгледува и барањето на некои членки на ЕУ, на Сирија, а и на Русија, да им се воведат санкции поради страдањето на цивили.

„Расправата ќе биде само за тоа како да се зачува просторот за политичко решение на сирискиот судир и ќе биде дадена оценка што може да направи Унијата за да се врати политичкиот дијалог и да запрат судирите.

Но не се исклучува можноста и за „нешто друго“, истакнуваат изворите.

Европската унија понудила итна хуманитарна помош за цивилите во источниот дел на Алепо, каде што има многу цивилни жртви.