ЕХФ ја суспендира грчката кадетска ракометна репрезентација од Европското првенство во Скопје

Европската ракометна федерација по брза постапка ја суспендираше грчката кадетска ракометна репрезентација(до17 години) од Европското  ракометното првенство што се одржува во Скопје. Оваа одлука следува по вчерашниот скандал што го направија младите ракометарки на Грција, кога одбија да излезат на терен затоа што на дресовите на нашата репрезаентација пишува -Македонија.

„Отворена беше постапка против грчката федерација и дисциплинската комисија одлучи дека тие имале обврска да го играат мечот според правилникот на ЕХФ. Според членот 7 од листата на казни на ЕХФ, Грција е исфрлена од шампионатот, а според членовите 12 и 14.1 од правилникот резултатот се регистрира со 10. Грција исто така е казнета со 25 илјади евра.  Грците имаат право на жалба, но сооглед дека првенството се игра, таа жалба нема да има никаков ефект“, соопшти на својата официјална страница  ЕХФ.

Вчера натпреварот меѓу Македонија и Грција траеше само 32 секунди, по што Гркинките се повлекоа, бидејќи на маичките на нашиот стручниот штаб и на ракометарките пишува Македонија. По ова нашите го добија мечот со службен резултат.