Жена загина, а 4 члена од струмичко семејство се повредени во сообраќајка во САД

Fox News објави дека во тешка сообраќајна несреќа во државата Тенеси, САД, настрадало петчлено струмичко семејство, при што мајката , 41-годишна Виолета Д. загинала на местото на настанот, а нејзините три деца , 11-годишно момче и две три-годишни девојчиња, како и сопругот(44), се тешко повредени.

Порталот Струмицаденес, пишува дека семејството Доневи  живее  Чикаго.

Како што информира полицијата од Тенеси, несреќата се случила во четврток попладне, а автомобилот во кој се наоѓале пет лица завршил надвор од автопатот. Две лица од повредените со хелихоптер биле однесени во локалната болница. Автопатот бил во прекин неколку часа.

Фотографија  од местото на несреќата

Насловно фото: Семејство Доневи-Струмица денес