Жерновски настапува како независен кандидат, се уште ја очекува поддршката од СДСМ

Актуелниот градоначалник на Центар, Андреј Жерновски, синоќа пред полноќ, во ДИК ги достави потписите за независна кандидатура за градоначалник на општина Центар за претстојните локални избори.
Со ова, Жерновски и официјално влезе во изборна трка како независен кандидат. За независна кандидатура се потребни само 250 потписи.
СДСМ се уште тактизира со објавување на кандидат за оваа, но и за други општини. Неизвесно е дали ќе го поддржат Жерновски или ќе одат со кандидат од нивните редови.
Во ДИК со потребниот број потписи вчера биле примени 27 кандидатури за градоначалници и 47 кандидати за носители на советнички листи низ Македонија.